0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Најдобрата одбрана на АКН се распадна за само 10 минути, Нигерија е во полуфинале (Видео)

Репрезентацијата на Нигерија е третиот полуфиналист на Африканскиот куп на нации, откако во четвртфиналето славеше со 2-0 против Алжир. Противник на „орлите“ за место во голомото финале ќе им биде домаќинот на турнирот, Мароко.

Алжир во пресрет на овој меч ја имаше најдобрата одбрана на африканското првенство, со само еден примен гол на четири меча, но против Нигерија се беше решено за десеттина минути во вториот дел.

Виктор Осимен во 47-мата минута ја донесе Нигерија во водство од 1-0, откако алжирскиот голман лошо реагираше, само десет минути подоцна Адамс зголеми на 2-0.

- Оглас -

Најнови вести