Најдобрата одбрана против најдобриот напад во финалето кое треба да го даде европскиот првак

6202 Англија У21 – Шпанија У21 (18 ч.)

Финале на Европското првенство во кое ќе играат двете селекции кои заслужено се дел од битката за златото. Англија ја има најдобрата одбрана и не прими ниту еден гол во петте меча на кои победи и вкупно постигна 10 гола.

Од друга страна, Шпанија е селекцијата со најдобриот напад и во петте дуели постигна дури 13 погодоци. Црвената фурија нема перфекција како Англија, па Шпанија два пати ремизираше.

Тешко е да се погоди победникот, но финалето треба да биде дуел со погодоци и тоа во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

4200 Естудијантес – Расинг Клуб (23 ч.)

Домаќинот е фаворит барем ако се гледаат досегашните резултати во првенството на Аргентина. Естудијантес дома има шест победи, четири реми и само два порази.

Расинг ја има втората најлоша одбрана (31 примен гол), но игра и офанзивно и постигна 31 погодок што е трет најдобар напад и најава за погодоци и вечерва.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.92)

 

3435 Белшина – Динамо Брест (16 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во првенството на Белорусија. Динамо има дури девет порази во 13 средби, но е фаворит против екипата која има само една победа во 13 дуели.

Белшина пред сезоната беше казнета, па затоа и сега уште има минус пет поени. Дури 29 гола прими Белшина, а во два од последните пет кола загуби со неверојатни 7:3 и 7:2.

Предлог тип: ГГ3+ (1.96)

 

4793 Боливар – Гуабира (23 ч.)

Боливар е институција во првенството на Боливија, но сезонава заостанува шест бода зад лидерот Д Стронгест. Гуабира е тим кој сака да се надигрува со фаворитите, па не случајно има дури три победи против Боливар во последните седум меѓусебни дуели.

На последните 10 дуели на овие ривали секогаш имало барем по три гола, што е најава за ново гол шоу и победа на домаќинот.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.05)

 

2705 Хака – Интер Турку (16 ч.)

Хака игра слабо и има само две победи во 14 кола во првенството на Финска, но интересно е дека дома е со биланс од една победа и дури пет нерешени без пораз. Со 25 примени гола, Хака ја има најслабата одбрана во лигата, што е знак дека може да се очекуваат погодоци.

Интер Турку не е премногу сигурен, но не треба да се заборави пред пред месец и пол, лесно со 3:0 го победи овој ривал.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести