Најдобрата скијачка на светот „навреме“ закачи корона-вирус

Американската скијачка Микаела Шифрин преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на корона-вирус и нема да настапи на претстојните трки во австрискиот Линц, каде што требаше да се натпреварува во слалом и велеслалом и ќе беше фаворитка за победа.

Доброто во целата работа е што 26-годишната Шифрин се чувствува добро и ќе може да настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг кои стартуваат на 4 февруари.

Американката е водечка во генералниот пласман за Светскиот куп, а по Линц, наредните трки се во Загреб на 4 јануари и во Марибор на 8 и 9 јануари.

- Оглас -

Најнови вести