Најдобрата скијачка на денешницата, Американката Михаела Шифрин, имаше незгоден пад на спуст трката која се возеше во култниот зимски центар во Италија, Кортина Д’Ампецо.
Американката која нема конкуренција во техничките дисциплини слалом и велеслалом, одлучи да се испроба и во брзите дисциплини, и тоа во спустот и веднаш падна.
https://twitter.com/i/status/1750829904009044363
Таа стартуваше осма и во еден момент излета од патеката и се заби во заштитната ограда, по што остана да лежи на снегот. Веднаш пристигнаа лекарски екипи кои укажаа помош на Шифрин, која потоа со хеликоптер беше однесена во најблиската болница на детални прегледи.
Несреќата на Шифрин доаѓа една недела откако нејзиното момче, Норвежанецот Александер Омот Килде при брзина од 145 километри на час излета од патеката на спустот кој се возеше на најтешката патека за спуст, во Венген.
Поради здобиените повреди, Килде одлучи предвреме да ја заврши оваа сезона.
https://youtu.be/D0VibSVWwBA?si=3MVATsRSWSR05qhg