Петте натпревари во Квотите на денот во Sport Life се од последното коло во Лигата на шампионите и ако се одиграат заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент од 54.18.
Првиот предлог е од дуелот кој ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, каде што Црвена ѕвезда ќе го игра последниот европски натпревар сезонава. Противник им е европскиот шампион Манчестер сити, кој нема да настапи во најсилниот состав бидејќи веќе си го обезбеди првото место во групата. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Црвено-белите ќе постигнат барем еден гол во второто полувреме, а оваа игра носи квота од 2.40.
Барселона е фаворит за триумф против Антверпен иако игра во Белгија. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека Барселона ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.
Најголема е квотата за дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лацио и изнесува 2.50. Оваа квота се добива ако се одигра дека Атлетико ќе победи и притоа ќе бидат постигнати од два до четири гола.
ПСЖ нема многу избор, мора да оди на победа на гости кај Борусија Дортмунд ако сака да ги реши дилемите околу пласманот во осминафиналето. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека ПСЖ нема да загуби, а притоа и двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра е најмала и изнесува 2.00.
Последниот натпревар е тој меѓу Њукасл и Милан и тука предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.15 се добива ако се одигра дека и двата тима ќе ги тресат мрежите, а притоа ќе бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.