Најдобриот фудбалер кој нема освоено трофеј во кариерата му бил понуден на најтрофејниот клуб!

Според шпанска „Кадена СЕР“, на Реал Мадрид му бил понуден англискиот напаѓач Хари Кејн и во Кралскиот клуб анализирале дали да го ангажираат.

Кејн е веројатно најдобриот фудбалер што нема освоено ништо во кариерата и се чини дека летово ќе си замине од Тотенхем, но неговата цена не е баш евтина. Интерес за него има и од Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, а сега агентите му го понудиле и на 14-кратниот европски првак Реал. Од Тотенхем не сакаат да го продадат Кејн во друг премиерлигаш и затоа Реал е опција.

Засега од мадридскиот гигант не кажале ниту Да, ниту Не. Во прилог оди што Кејн е врвен голгетер и таков играч добро би им дошол, плус тоа во тимот заедно полесно би ги интегрирале со сонародникот Џад Белингам, но во Реал немаат добро искуство со Еден Азар, кој исто дојде од Премиер лигата, и прашање е каква би била реакцијата на Карим Бензема ако добие ваква конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести