Арсенал минатата сабота го победи Кристал палас со 1-5 на гостински терен, но во 24-тата минута остана без еден од своите најдобри фудбалери, Бакајо Сака. Репрезентативецот на Англија заработи мускулна повреда, па мораше да биде подложен на оперативен зафат, кој според информациите минал во најдобар ред.
„Многумина гледаат пречка, но малку од нив гледаат можност. Закрепнувањето започна, ќе се вратат уште посилен. Ви благодарам на поддршката.“ – напиша Сака на социјалните мрежи.
Бакајо Сака оваа сезона одигра 24 меча за Арсенал во сите натпреварувања, со ефект од девет гола и 13 асистенции, а сега ќе паузира околу два месеци.