Најдобриот фудбалски судија Александар Ставрев стави крај на кариерата

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев, официјално ја заврши својата кариера. Тој денеска го судеше својот последен натпревар, дуелот помеѓу Пелистер и Беса, одигран во Битола, каде што се појави како главен арбитар.

Ставрев, со години препознаван како најдоброто име во македонското судење, остави длабок белег на фудбалските терени. Неговата богата кариера вклучува судење на натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и квалификациските дуели во европските натпреварувања, каде што со својата професионалност и стручност стекна почит и признание.

Заедно со Ставрев, кариерата ја заврши и помошниот судија Дејан Костадинов, кој исто така го имаше својот последен натпревар.

Во чест на нивниот придонес, претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, им додели пригодни подароци пред почетокот на натпреварот, како знак на благодарност за нивниот ангажман и посветеност кон македонскиот фудбал.

Натпреварот заврши со победа на Пелистер од 1-0, но средбата беше посебна заради прошталниот момент на Ставрев и Костадинов, кои ќе останат запаметени како значајни личности во македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести