Најдобриот голгетер со глава за 2019 година донесе радост за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид конечно победи без да прими гол. На гостувањето кај Севилја, Кралскиот клуб се радуваше на минимален триумф од 1:0. Клучниот момент на мечот се случи во 64-тата минута, кога Карим Бензема ја затресе мрежата на домаќините.

Бензема биеше прецизно со глава и само потврди зошто е најдобар стрелец со глава во Топ 5 лигите во 2019 година. За францускиот напаѓач ова беше деветти погодок со глава во оваа година, нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во најсилните лиги во Европа.

https://youtu.be/a7Gn72TimMk

- Оглас -

Најнови вести