Најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул, Јан Раш се опоравува во болница каде два дена помина на интензивна нега поради сгрип. Легендарниот фудбалер имал потешкотии со дишењето, па морал итно да биде хоспитализиран.
Од болницата стигнуваат најави дека ситуацијата со Раш се стаблилизира. Од Ливерпул стигна известување во кое упатуваат благодарност до лекарските екипи во болницата што дале целосна нега на Раш.
Раш во кариерата помина 15 години во Ливерпул, а во тој период постигна 346 голови, а се радуваше на пет шампионски титули и две титули европски првак. Легендарниот голгетер во кариерата играше и за Лидс, Њукасл, Рексам, а имаше и 73 настапи за репрезентацијата на Велс. За националниот тим имаше постигнато 28 голови што истотака преставуваше рекорд, се додека не се појави Герет Бејл, кој го надмина неговиот скор.

