„Најдобриот играч“ на Барселона во последните неколку години е овој судија

Не сопираат реакциите по Ел Класико на кое сите оние кои се за Реал Мадрид веруваат дека Кралскиот клуб бил оштетен со недосудување на два пенали во нивна корист на „Камп ноу“. Дури ни воведувањето на ВАР-технологијата не донесе намалување на реакциите околу судењето, а овојпат во центарот на вниманието е Алехандро Жозе Ернандес Ернандес.

Судијата кој доаѓа од Канарските Острови од 2014 година е меѓународен арбитер, но на последното Ел Класико не се прослави. Во Реал Мадрид веруваат дека во две ситуации во кои беше вклучен Рафаел Варан, требало да има пенали за гостите.

Првата спорна ситуација е кога Ракитиќ за дрес го повлече противникот, а во втората Ленгле го удира Варан директно во ногата. Дека ова не се единствените две спорни ситуации кои судијата Ернандес Ернандес ги досудил на штета на Реал Мадрид во дуелите со Барселона, покажуваат неколку други моменти.

Приврзаниците на Реал Мадрид пронајдоа дека истиот судија го поништил голот на Герет Бејл во сезоната 2015/16 и дека не досудил пенал врз Роналдо следната сезона. Во сезоната 2017/18 на еден меч овој судија досудил две спорни ситуации во корист на Барселона. Првата е кога не досудил фаул од Суарес над Варан, а во продолжение на акцијата Меси постигна гол. Втората ситуација на тој меч е кога немало пенал по стартот на Алба врз Марсело.

 

- Оглас -

Најнови вести