Најдобриот играч на Бриж отпишан за дуелот против Дортмунд, причината е апсурдна

Клуб Бриж вечерва ќе биде значително ослабен во дуелот против Борусија Дортмунд кој ќе се игра на „Сигнал Идуна парк“. Белгискиот првак ќе настапи без својот најдобар играч, напаѓачот Емануел Денис, а причината за неговото отсуство е апсурдна.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, пред тимот да отпатува за Германија, Денис налутено го напуштил тимскиот автобус откако не му било дозволено да седне на омиленото седиште. Тренерот Филип Клемен не сакаше да открива детали, само истакна дека Денис не ги почитувал клупските правила.

Поради тоа, Денис oстана во Бриж, а дополнително ќе се утврди дали му следува казна од страна на клубот. Инаку, 23-годишниот голгетер се прослави во ланската сезона во ЛШ кога постигна два гола против Реал Мадрид во ремито од 2-2 на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести