Најдобриот играч на Германија се извини: Жал ми е за сите навивачи кои купија билети за овој меч

Германија се пласира во полуфиналето на Европското ракометно првенство на кое оваа земја е домаќин. Популарните Панцери завршија како втори во својата група и сегa во борба за финалето ќе играат против големиот фаворит Данска.

Германците воопшто не се убедливи до полуфиналето, покрај победите, имаа и два порази и едно реми. Во последното коло Германија играше против Хрватска во меч кој не решаваше многу, а Хрватите беа убедливи со 30:24.

Токму овој пораз беше причина за реакција од најдобриот играч на Германија, Јури Кнор, кој реагираше на начинот на игра и залагањето на сите репрезентативци. Тој дури им се извини на сите оние навивачи кои беа во салата да ги бодрат.

„Жал ми е за сите оние коишто купија карта за овој меч. Во полуфиналето сме, но можеби премногу размислувавме за тоа пред мечот со Хрватска. Ова е многу болно за мене и за сите останати. Ќе играме во полуфиналето, но ова не е менталитетот кој треба да го имаме“, рече Кнор.

- Оглас -

Најнови вести