Најдобриот „играч“ на Ливерпул не е Салах, ниту Ван Дајк, туку човекот кој донесе 142 милиони фунти со еден потег

„Трансфер на векот“ – Така може да се протолкува продажбата на Ливерпул на Филипе Кутињо во Барселона, а човекот кој стои зад неверојатната заработка на Црвените е Мајкл Едвардс.

Спортскиот директор на Ливерпул го изготви договорот за продажбата на Кутињо во јануари 2018 година, според кој актуелниот англиски првак инкасира дури 142 милиони фунти, или околу 158 милиони евра, со оглед на тоа дека Каталонците во наредните неколку месеци ќе ја платат последната рата.

Едвардс ја подели оваа сума во неколку клаузули, односно Ливерпул во кеш доби 106 милиони фунти, а дополнителните 36 милиони фунти се поделени во споменатите клаузули. Според нив, Ливерпул добиваше по 4,4 милиони фунти за секои 15 настапи на Кутињо во дресот на Каталонците, што значи дека 26,4 милиони фунти веќе се легнати на сметка на Ливерпул за 90-те настапи на Бразилецот.

Идентична сума Ливерпул добиваше за секој пласман на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите и на тој начин се исплатени 9 милиони фунти. Сепак, тоа не е сè. Барселона во наредните неколку месеци ќе плати уште 18 милиони фунти доколку Кутињо стигне до јубилеен 100-ти настап за шпанскиот вицепрвак.

Дека е „трансфер на векот“, но за Ливерпул, покажува статистиката на Кутињо откако е член на Барселона. Во 89 натпревари вкупно, тој забележа 23 погодоци и 14 асистенции, само трошка од она што Кутињо го покажуваше во дресот на гигантот од „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести