Реал Мадрид со убедливи 4-0 победи против Жирона и ѝ избега на +5 на врвот на табелата од Ла Лига. За малиот клуб од Каталонија ова беше втор пораз сезонава, и вторпат од „кралскиот“ клуб.
Во Мадрид може да бидат задоволни од резултатот и од играта, но загрижива повредата на нивниот најдобар фудбалер, Џуде Белингам, кој мораше да биде заменет. Повредата доаѓа во незгоден момент пред мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите, против Лајпциг.
Карло Анчелоти е загрижен, но вели дека повредата не е сериозна и англичанецот ќе може да игра против клубот на нашиот Елиф Елмас.