Најдобриот играч на Саудиска Арабија откри: Приказната за подарок Ролс-ројс е измислена (Видео)

Најдобриот играч на Саудиска Арабија, Салех Ал Шехри вели дека приказната за подарени Ролс-ројс автомобили по големата победа против Аргентина во премиерниот меч за двете репрезентации на Мундијалот е измислена.

Според медиумите во Саудиска Арабија принцот Мохамед Бин Салман ветил дека секој фудбалер ќе добие по еден најнов модел од луксузните автомобили „Ролс Ројс Фантом“.

Ал Шехри кој постигна еден од двата гола во историската победа против Аргентина за победа од 2:1 со пресврт вели дека информацијата не е точна.

Saudi player Saleh Al Shehri when asked if the Rolls-Royce award is true from soccer

 

Саудијците потоа го загубија вториот меч на Мундијалот, од Полска со 0:2, па ќе мораат да го победат Мексико во последното коло за да се надеваат на пласман во осминафиналето, иако во одредени варијанти можат и со реми да се најдат во нокаут фазата на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести