Најдобриот играч во Евролигата се сели во НБА, доби 20 милиони од Кралевите

Саша Везенков, кој беше прогласен за МВП на Евролигата минатата сезона, кариерата ќе ја продолжи во НБА-лигата.

Доскорешниот кошаркар на Олимпијакос, се согласи да потпише тригодишен договор вреден 20 милиони евра со Сакраменто кингс.

Тренерот на Кралевите, Мајк Браун, по елиминацијата на неговиот тим во првата рунда во плејофот, лично присуствуваше на неколку натпревари на Олимпијакос на кои во одлично светло се покажа Везенков и одлучи да го донесе во НБА лигата.

Како замена за Везенков, Олимпијакос го планира Никола Миротиќ за кого подготви богата понуда, пет милиони евра нето за две сезони и бонус од милион евра за потпис на договорот.

- Оглас -

Најнови вести