33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Најдобриот косовски фудбалер е пред мегатрансфер во Јувентус

Косовскиот крилен напаѓач Едон Жегрова постигнал договор за трансфер од Лил во Јувентус.

Според италијанските медиуми, договорот ќе биде на пет години, Жегрова во Јуве би земал плата од 2,5 милиони евра по сезона, а отштетата која треба да ја добие Лил ќе биде од 20 до 25 милиони. Лил бара 25, Јуве нуди 18-20, па ќе треба да се испреговара конечната сума.

Договорот на 26-годишниот Косовар со Лил истекува во јуни следната година. Ако се комплетира трансферот, Жегрова повторно би бил тимски колега со Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така од Лил премина во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести