Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ кој игра за руски Уникс Казан и беше прогласен за најкорисен играч сезонава во ВТБ лигата, има неколки понуди од евролигаши и големи се шансите следната сезона да го гледаме во најсилното клупско натпреварување во Европа.
Нено долго време се поврзуваше со трансфер во Партизан, нашиот плејмејкер од дете е навивач на Црно-белите, но клубот од Белград е пасивен и не искажува преголем интерес за Димитријевиќ.
Затоа Фенербахче не седи со скрстени раце и веќе има испратено понуда, а најновите информации од Италија велат дека за Нено се интересираат евролигашите Виртус Болоња и Армани Милано, па македонскиот репрезентативец има слатки маки околу изборот на клуб за следната сезона.
Се зборува дека далеку поконкретен бил клубот од Милано кој на Нено му нуди богат тригодишен договор и наводно дека двете страни се блиску до потпис. Клубот од Милано е трикратен европски и 30-кратен италијански првак.