27.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Најдобриот македонски одбојкар ќе игра за Рапид Букурешт

Капитенот на македонската машка одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од следната сезона ќе биде дел од романскиот клуб Рапид Букурешт, еден од најстарите одбојкарски клубови во Европа. Откако минатата сезона ја заврши во Турција, Ѓоргиев сега ќе се пресели во Романија, каде што за првпат ќе игра во нивното првенство.

Во моментов, Ѓоргиев се наоѓа во Скопје и тренира со националниот тим во рамки на подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство 2026 против селекциите на Грција и Грузија.

Рапид минатата сезона ја заврши на седмата позиција во домашниот шампионат, а со ангажманот на најдобриот македонски одбојкар, очекувањата и амбициите за претстојната сезона значително ќе се зголемат.

- Оглас -

Најнови вести