Најдобриот млад фудбалер на ЕП има љубовни проблеми, причината е видео на социјалните мрежи (Видео)

Ламине Јамал пред само 15-тина дена ја освои европската титула со репрезентацијата на Шпанија, а сосема заслужено беше прогласен и за најдобар млад фудбалер на турнирот. Сепак, после завршувањето на Европското првенство, 17-годишниот фудбалер има проблеми – и тоа љубовни.

Многумина беа воодушевени од прославата на титулата со неговата девојка, Алекс Падиља, но на врската помеѓу нив двајцата ѝ дојде крајот. Причината е видео на социјалните мрежи на кои се гледа Падиља во друштво на машка личност, а девојката кога забележа дека ја снимаат ја зеде камерата и се обиде да ја оштети. Тоа беше знак дека се случува нешто што не треба да го види јавноста.

- Оглас -

Најнови вести