Најдобриот млад играч и најдобрата фудбалерка на светот се од Барселона

Гави е прогласен за најдобар млад фудбалер и тој ја доби наградата „Копа“ која ја доделува „Франс фудбал“.

Плејмејкерот на Барселона доби повеќе гласови од Едуардо Камавинга од Реал Мадрид, кој заврши на второ место, и Џамал Мусиала од Баерн, кој е трети. Лани признанието замина во рацете на Педри, па Барса втора година по ред го има победникот во оваа категорија.

Каталонскиот клуб втора година по ред ја има и најдобрата фудбалерка на светот. Златната топка во женска конкуренција ја доби Алексија Путелјас, која и лани беше најдобра.

Годинава за првпат се додели наградата „Сократес“ за фудбалер кој најмногу помага за општеството, а ја доби Садио Мане, кој се истакна со хуманитарна работа.

- Оглас -

Најнови вести