Најдобриот млад скијач ги шокира сите, на 23 години одлучи да се пензионира

Само еден ден пред стартот на новата сезона во алпско скијање, 23-годишниот Норвежанец Лукас Братен објави дека заминува во пензија.

Братен, кој минатата сезона го освои малиот кристален глобус на најдобар скијач во слалом, одлучи да замине во пензија поради „војната“ со Норвешката скијачка федерација.

 

„Ја „спуштам“ слушалката, за мене е готово. За првпат во последните шест месеци сум среќен. Првпат по толку години се чувствувам слободно. За да продолжам да скијам, во овој момент ќе морам да се откажам од своите соништа, среќа и радост, а јас не сум подготвен за такво нешто“, изјави Братен на прес-конференцијата во Золден, Австрија, каде што ја оствари првата победа во кариерата, и тоа во 2020 година и каде што требаше да скија в недела.

Братен и Норвешката скијачка федерација неколку години се во војна поради правата на спортистите, а тензиите го достигнаа врвот пред неколку месеци, кога младиот скијач учествуваше во рекламна кампања за марка на облека која е конкурент на таа што е партнер на Федерацијата.

Норвешката скијачка федерација одлучи парично да го казни Братен, а се обрати до Норвешкиот олимписки комитет за да го суспендира младиот скијач, кој пак, одлучи да се пензионира.

- Оглас -

Најнови вести