Најдобриот напад остана без муниција: Жирона киксна на домашен терен и му го препушти врвот на Реал

Екипата на Жирона не успеа да победи на домашен терен против Реал Сосиедад и му го препушти врвот на Реал Мадрид. Најдобриот напад во Ла Лига, вечерва не успеа да го пронајде патот до мрежата на гостите, па мораше да се задоволи со бод и 0-0.

Сепак, Жирона во првото полувреме постигна погодок преку Ерера во 24-тата минута, но ВАР го поништи поради офсајд.

Малиот клуб од Каталонија сега има бод помалку од Реал Мадрид, но и натпревар повеќе, па теоретски може да се случи „кралскиот“ клуб да се одлепи и на четири поени од најголемиот конкурент за титулата оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести