Екипата на Барселона после седум победи по ред, загуби на гостувањето во Сан Себастијан од Реал Сосиедад со 1-0. Најдобриот напад во Европа, првпат оваа сезона не успеа да ја затресе противничката мрежа, иако тоа го стори во првото полувреме, но ВАР го поништи голот на Роберт Левандовски.
Херој на Реал Сосиедад беше Шералдо Бекер, кој во 33-тата минута успеа да го пронајде патот до мрежата на „каталонците“ и да донесе голема победа, но и радост за домашните.
Барселона оваа сезона на 16 натпревари до сега успеваше да постигне барем по еден гол, а Реал Сосиедад е само третата екипа која успеа да ги победи „каталонците“.