Најдобриот напад во Исланд ќе ја урне најцврстата одбрана

2516 Санднес – КФУМ Осло (18.00 часот)

Ова е дуел од втората норвешка лига помеѓу два тима кои се во добра форма. Санднес има серија од две, а Осло има низа од три победи едноподруго. Соседи се на табелата, Санднес има еден бод повеќе. За домашните карактеристично е што сезонава немаат ниту еден нерешен резултат, а одиграа веќе девет кола. Иако имаат 6 победи и три порази, имаат повеќе примени отколку постигнати голови. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија со истиот резултат 1-1.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

2517 Скеид – Согндал (18.00 часот)

Скеид е последнопласиран тим на табелата во норвешката втора лига, има освоено само три бода во девет кола (1 победа и 8 порази). Согндал има три порази во последните четири кола и ова му е шанса да победи, а и традицијата е на страна на гостите. Согндал во лигашки меч никогаш не загубил во Осло против Скеид. Последните пет меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со голови во двете мрежи.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.99)

 

2849 Бреидаблик – Акурејри (21.15 часот)

Бреидаблик е најдобар исландски тим во моментов, и цврсто го држи првото место на табелата во првата исландска лига. Сезоната ја почнаа перфектно со 8 победи по ред, а загубија во минатото деветто коло. Бреидаблик има просек од три постигнати голови по меч. Акурејри е четврти на табелата, има седум бода помалку од Бредаблик, и во последните три кола освои само еден бод. Акурејри е единствен тим во лигата кој има примено едноцифрен број на поени, но примија пет гола во последните три кола, па одбраната ќе биде на тежок тест.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.73)

 

4207 Годој Круз – Дефенса и Хустисија (21.30 часот)

Ова е дуел на два аргентински прволигаши кои во првите три кола сезонава освоија по три бода, со тоа што Годој Круз нема реми, туку една победа и два порази, а Дефенса засега игра само нерешено и секогаш игра тврди мечеви со 0-2 гола. Годој дома не загубил од февруари, но на свој терен не победил против Дефенса уште од 2008 година и имаат голем мотив.

Предлог тип: 0-2 гола (1.82)

 

8081 Монако – Асвел Вилербан (20.30 часот)

Резултатот во ова финале на плејофот во француското кошаркарско првенство е 1-1, а Монако сега ќе игра два меча по ред на свој терен, и ако ги добие, ќе ја освои титулата. Монако го доби првиот меч во Лион со 82-74, а на вториот меч Асвел беше ептен убедлив со високи 91-54. Асвел од март нема гостински пораз во француската лига. Последните два мешусебни дуели на овие екипи во Монте Карло беа слични, еднаш победи Монако со 84-82, а еднаш Асвел со 85-84.

Предлог тип: Т1> 81.50 (1.92)

 

- Оглас -

Најнови вести