Најдобриот напад во Серија А ќе го тресе Јувентус

Јувентус – Аталанта (21:45 ч.)

Меч на кој Јувентус треба да покаже зошто со години е доминантен тим во Италија. Старата дама веќе обезбеди комотна предност во однос на Лацио и Интер, но покажа слабост откако во последното коло загуби на гости кај Миан иако водеше со 2:0.

Аталанта е тимот кој е единствен во Серија А што реди само победи по враќањето на натпреварите во тримесечната пауза. Гостите се најефијасната екипа во лигата и во просек даваат речиси по три погодоци. Сигурно нема да може да Јуве да му дадат три гола во Торино, но факт е дека се многу опасни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.75)

 

Шефилд јунајтед – Челзи (18:30 ч.)

Челзи е пред голем тест да докаже дека и со подмладен тим има сили да игра во Лигата на шампиони за следната сезона. Шефилд е тим кои сезонава покажа дека може секого да изненади, а тоа се докажа и на првиот меч одигран на „Стемфорд бриџ“, кога резултатот беше 2:2.

И домаќините имаат европски мотиви за победа, затоа што бркаат излез во Лигата на Европа. Во 17 меча, Шефилд дома има само пет порази, но факт е дека Челзи е вториот најдобар тим на гостински терен. Традицијата од меѓусебните дуели вели дека никогаш не било 0:0, па и овојпат се очекуваат голови.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.92)

 

Ливерпул – Барнли (16 ч.)

Нема дилема дека Ливерпил ќе победи, а прашањето е со колку гола разлика ќе биде тоа. Тимот на Јирген Клоп брка уште неколку рекорди до крајот на Премиер лигата, а еден од тие е да ја заврши сезоната со сите победи на свој терен. Затоа сигурно нема да има опуштање кај домаќините, па Барнли кој е безбеден на средината нема да има многу шанси.

Последните четири меча на овие два тима завршуваат со победа на Ливерпул и секога има барем по три гола.

Предлог тип: 1&2-4 (2.10)

 

Инглштад – Нирнберг (18:15 ч.)

Mеч кој треба да одлучи за тимот што ќе остане во втората германска лига. Нирнберг има предност од 2:0 по првиот дуел и е фаворит за да го задржи статусот на член во Цвајте. Овие два тима играа и на почетокот на сезонава и тоа во Купот. Нирнберг победи со 1:0 на теренот на Инглштад, но сега влогот е многу поголем.

Домаќините сигурно нема да сакаат без борба да се предадат и треба да нападнат од првата минута. Тоа треба да отвори простор и за гостите, па се очекува тука да има погодоци во двете мрежи

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

Атлетико Мадрид – Бетис (22 ч.)

Со победа Атлетико Мадрид и дефинитивно ќе го обезбеди местото во ЛШ и за следната сезона. Бетис е мирен на средината и нема многу мотиви за игра. Јорганџиите дома се доминантни и само еднаш загубиле во 17 дуели, а Бетис има само една победа во исто толку гостувања сезонава.

Традицијата вели дека не треба да се очекуваат многу голови, затоа што на шест од последните седум меѓусебни меча било 0-2 гола, а само еднаш имало три погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.04)

 

- Оглас -

Најнови вести