36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Најдобриот нокаутер во боксот по 42 пат во 43 победи го испрати противникот на подот (Видео)

По пауза од една година, Деонтеј Вајлдер повторно се врати во рингот и уште еднаш покажа зошто е најдобар нокаутер во боксот на денешницата. Популарниот Бронзен бомбардер за шест дена ќе наполни 37 години, а без проблем со нокаут во првата рунда го доби мечот против една година постариот Роберт Хелениус. За Хелениус ова беше четврти пораз во 35 борби.

На Вајлдер му беше доволен само еден вистински удар за да го прати противникот „на спиење“. Тоа се случи пред крајот од првата рунда, кога Хелениус сакаше да нападне, но доби контра удар и заврши на подот.

Вајлдер има 43 победи во 46 меча во кариерата, а дури 42 триумфи му се со нокаут на противникот. Интересно е дека Тајсон Фјури е единствениот ривал кој нема загубено од Вајлдер. Во трите борби меѓу Вајлдер и Фјури, Циганскиот крал има две победи и едно реми, пто значи дека Вајлдер само Британецот не успеал да го смести во листата на боксери кои ги победил.

- Оглас -

Најнови вести