Најдобриот ракометар во изминатите две децении ја прекинува кариерата на три месеци

Ракометарот на ПСЖ, Никола Карабатиќ, одлучи да ја прекине кариерата на најмалку три месеци поради флебитис на десната нога.

Флебитис е состојба во која доаѓа до воспаление и создавање на згрутчување на површните вени.

„Карабатиќ ќе мора да оди на терапија која се темели на антикоагуланси. Овој третман не е компатибилен со спортовите во кои има физички контакти, па поради тоа ракометарот ќе мора да отсуствува најмалку три месеци“, соопшти неговиот клуб, ПСЖ.

Карабатиќ во следните три месеци нема да ја смее воопшто да тренира, и медумите во Франција шпекулираат дека и можно 38-годишниот ракометар да стави крај на кариерата.

Карабатиќ кого многумина експерти го сметаат за најдобар ракометар во последните две децении, има три европски титули со Монпелје, Кил и Барселона, а со репрезентацијата на Франција четири пати беше Светски шампион, и по три пати Европски и Олимписки шампион.

- Оглас -

Најнови вести