32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Најдобриот шведски тенисер суспендиран на 18 месеци поради допинг, а ниту еднаш не бил позитивен!

Најдоброрангираниот шведски тенисер, Микаел Имер, доби суспензија во траење од 18 месеци, поради прекршување на анти-допинг правилата.

Во јануари 2022 година, ИТФ го обвинил 51-виот на АТП листата дека во рок од 12 месеци, пропуштил три тестови за допинг. Се бараше суспензија од две години, но Спортскиот арбитражен суд во Лозана му одреди 18-месечна забрана, која почна вчера, на 17-ти јули 2023 година.

„Вчера дознав дека САС ме суспендирал од тенисот во траење од 18 месеци, и покрај фактот дека никогаш не сум користел илегални супстанци и што не сум знаел за третиот тест. Мислам дека не е фер што ме прогласија за виновен. Не можам да сфатам зошто судиите оваа 18-месечна суспензија ја сметаат за адекватна казна. Совеста ми е чиста, Бог ми е сведок“ – напиша 24-годишниот Имер на Твитер.

- Оглас -

Најнови вести