Словачкиот велосипедист Петер Саган има многу свои фанови, тој е еден од најдобрите во оние рамничарски етапи кои завршуваат со групни спринтови, а возењето по нагорнини му е послаба страна и тоа го знаат сите кои го следат овој спорт, па сакаа да го искористат моментот.
Неколку фанови на Саган го чекаа на нагорнина, каде што тој вози бавно, за да му побараат автограм. Словакот не се бореше за ништо, многу заостануваше, па си дозволи да направи нешто невообичаено и додека вози, да се потпише на корицата од неговата книга „Мојот свет“. Сето тоа беше снимено со телефон од навивачите.
Саган ја носи зелената маица како најдобар спринтер на Тур де Франс и покажа зошто фановите го сакаат:
https://www.youtube.com/watch?v=qWitZ3DIr2o