Најдобриот српски арбитар ќе дели правда во Кина

Милорад Мажиќ ќе се најде на листата арбитри кои ќе делат правда во новата сезона во кинеската Суперлига. Како што пренесуваат медиумите од нашиот северен сосед, Мажиќ во вторник ќе патува за далечниот Исток каде ќе го стави својот потпис на соработка со кинеската фудбалска федерација.

Најдобриот српски арбитар повеќе нема да суди на натпревари од српското првенство, како и во средбите од Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Сепак, тој ќе остане на списокот на Светската фудбалска федерација, па ќе може да дели правда на натпреварите од репрезентативен карактер.

Новата сезона во Суперлигата на Кина започнува на први пат, а ќе трае до 30-ти ноември.

Мажиќ од 2009 година е дел од ФИФА арбитражата. На меѓународната сцена првпат се појави во 2014 година на Мундијалот во Бразил, а негов најголем успех се смета финалето од Лигата на шампионите во 2018 година, кога делеше правда во победата на Реал Мадрид над Ливерпул со 4-1 во Киев.

Беше во конкуренција да суди во финалето на СП во Русија, но пласманот на Хрватска не му овозможи да се појави теренот во Москва, па правдата ја делеше Аргентинецот Нестор Питана. Меѓу поголемите успеси го смета и судењето во финалето на Купот на Конфедерации во 2017 година меѓу Чиле и Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести