Патрик Шик е херојот на Чешка на Европското првенство, со три гола е прв стрелец во моментов, против Шкотска го даде најубавиот гол на ЕП, вчера против Хрватска со раскрварен нос погоди пенал. Тој е многу популарен деновиве во својата земја, а и неговата 26-годишна сестра Кристина е многу позната во Чешка.
Кристина Шикова е манекенка, нејзините објави на социјалните мрежи привлекуваат внимание, па не е чудо што ја следат речиси 100.000 луѓе на Инстаграм.
Останува да се види дали Патрик ќе ја надмине нејзината популарност. Засега е на добар пат, но ќе треба уште да ги радува своите сонародници. Поддршката од сестра му секогаш ќе биде тука.