Најдобриот стрелец на Реал еден и пол месец аут

Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид на утрешното гостување кај Фенербахче од Евролигата ќе биде ослабен со неиграњето на четворица првотимци, од кои едниот и крилниот центар Ентони Рендолф, кој е прв стрелец на мадриѓаните со просек од 13,7 поени. Американецот со словенечки пасош има повреда на палецот на левата рака. Тој се повреди во финалето на Купот на Шпанија.

Освен без Рендолф, Реал против Фенер ќе игра и без Серхио Љуљ, Џефери Тејлор и Фелипе Рејес.

- Оглас -

Најнови вести