Најдобриот стрелец на Санта Клара ќе игра против Шкупи: Долг е патот, но ние сме навикнати и ќе победиме

Андерсон Карвалјо чека трансфер во Саудиска Арабоија, во Ал-Шабаб, но ќе игра во Скопје, утре за Санта Клара против Шкупи, во првиот дуел од двомечот од второто квалификациско коло за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Најдобриот стелец на Португалците од ланската сезона вели дека долгиот пат од над 9 илјади километри кој трае над 11 часа од Азорските Острови до главниот град на Македонија нема да им пречи да победат во Скопје.

„Навикнати сме на долги патувања. Исто е и во португалското првенство и ние сме подготвени да одиграме како што знаеме и да победиме во Скопје. Знаеме дека Шкупи е вицешампион на Македонија и дека имаат силен тим, но ние сме подобри и очекувам добар резултат“, изјави 25-годишниот Бразилец.

Карвалјо беше шести стрелец во португалското првенство лани и топ-голгетер на Санта Клара со 14 погодоци и тој ќе биде најсилниот адут на Португалците утре во Скопје од 20 часот.

Интересен податок објавија португалските медиуми, дека Санта Клара е екипата што мина најдолг пат од 25 илјади километри во ланското првенство поради оддалеченоста на Азорските Острови од останатите градови што имаат свои екипи во популарната Примеира.

 

- Оглас -

Најнови вести