Најдобриот стрелец од француската Лига 1, Џонатан Дејвид, најверојатно ќе биде замената на долг рок за Роберт Левандовски во Барселона. Раководството на Каталонците сака да го ангажира 24-годишниот репрезентативец на Канада, кому налето му истекува договорот со Лил и може да си замине како слободен фудбалер.
Иако Роберт Левандовски планира уште да игра, сепак младиот Дејвид е одлично решение на долг рок и токму затоа е интересен за Барселона. Самиот фудбалер најави дека сака да се пресели во Каталонија, но интерес за неговите услуги има и од Манчестер јунајтед и Арсенал.