20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Најдобриот стрелец од првенството на Колумбија ќе тресе мрежи за ЖФК Љуботен (Фото)

Актуелниот женски фудбалски шампион на Македонија, Љуботен, продолжува да ги засилува своите редови за новото првенство, но и за настапот во квалификациите за женската Лига на шампионите.

Најново засилување за тетовки е најдобриот стрелец од првенството на Колумбија и репрезентативка на оваа јужноамериканска земја, Ингрид Џуит Видал. Таа во Љуботен доаѓа како позајмена фудбалерка од Америка де Кали. Ингрид Видал има 54 настапи за репрезентацијата на Колумбија и 11 гола и се очекува да биде големо засилување за екипата од Тетово. Како што велат од ЖФК Љуботен, ова е најголемиот трансфер во историјата на македонската женска фудбалска лига.

Љуботен последните три сезони е шампион на Македонија, а последните две години успеваше да дојде и до двојната круна, откако го освојуваше Купот на Македонија. Претходно, тетовската екипа се засили и со колумбијките Паула Алехандра Валбуена, Карина Мичел Бермудес, Алехандра Карен Родригес, српската интернационалка Нина Миленковиќ, како и нашите Александра Јовановска од Шкендија, Настасија Накова од ЖФК Скопје и Данче Карпузовска од Вардар.

- Оглас -

Најнови вести