Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, веќе стравува за својот рекорд (Фото)

Легендата Алан Ширер кој со 260 голови е рекордер по бројот на постигнати голови во историјата на англиската Премиер лига, се огласи на „Твитер“ со духовита порака, откако виде како Ерлинг Халанд на својот прв меч во англиската елита, постигна два гола.

„Ерлинг Халанд, ти останаа уште 258“ – напиша Ширер, а додаде и емотикони со кои покажа дека плаче од смеење.

Не е голем бројот на фудбалери кои дале два гола на деби во Премиер лигата, а Халанд има само 22 години и сигурно дека ако подолго време остане во Манчестер сити, може да го загрози рекордот на Ширер.

 

- Оглас -

Најнови вести