Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинес нема намера да си оди од Интер и веќе најави дека ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2026 година. Аргентинецот веќе ја доби наградата за најдобар стрелец во Серија А, а на прашањето околу останувањето на „Џузепе Меаца“ кусо прокоментира.
„Работиме на тоа, се надевам дека ќе се договориме“, рече Лаутаро.
Лаутаро Мартинес во Интер пристигна во 2018 година, а оваа сезона на 43 натпревари во сите натпреваурања постигна 27 гола.
„Навистина сум среќен и горд за тоа што го правам во кариерата. Секогаш сум благодарен на своите соиграчи, на членовите на стручниот штаб и на навивачите. Не очекував ваков успех, но продолжувам напорно да работам како првиот ден. Интер секогаш ми помагаше и благодарен сум, ќе се обидам тоа да го покажам и на терен. Сакаме да продолжиме со ова темпо. Секогаш сакам да им помогнам на соиграчите и на Интер и да се искачиме на повисоко ниво. Индивидуалните награди се важни, но екипата е најважна“, рече Лаутаро Мартинес на доделувањето на наградата.