23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Најдобриот стрелец во Серија А за 70 милиони евра ќе се пресели во Саудиска Арабија

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Кадисија, постигна договор со Аталанта за трансферот на италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги за фантастични 70 милиони евра. Според „Спорт Италија“, зделката меѓу двата клуба била финализирана доцна синоќа.

Ако трансферот се официјализира, Ретеги ќе стане втората најскапа продажба во историјата на Аталанта, по Расмус Хојлунд, кој летото 2023 година се пресели во Манчестер јунајтед за 75 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси.

Претходно оваа недела, Аталанта ја одби првата понуда од 53 милиони евра за Аргентинецот со италијански пасош, но сега клубот од Бергамо ја прифатил новата зголемена понуда. Во меѓувреме, постигнат е и договор за личните услови на Ретеги со Ал-Кадисија. Неговата плата ќе изнесува неверојатни 20 милиони евра по сезона.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач пристигна во Аталанта минатото лето, кога клубот за него ѝ плати 28 милиони евра на Џенова. Тој ја заврши сезоната 2024/25 како најдобар стрелец во Серија А со 25 гола во 36 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести