Најдобриот судија на Балканот замина во пензија

Еден од најдобрите судии во светот, Србинот Милорад Мажиќ реши да ја заврши својата кариера. Овој 47-годишен арбитар може да се пофали дека бил дел од најзначајните светски настани. Иако завршува со судењето, тој не се повлекува од фудалските активности.

Мажиќ прифати да биде шеф на судиската организација во фудбалското првенство на Кипар. Тој потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Врвот на кариерата Мажиќ го имаше во 2018 година кога му беше доделена довербата да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Кралевите се радуваа на трофејот во Киев. Освен тоа финале, српскиот арбитар го судеше и финалето на Купот на конфедерации во 2017 година меѓу Германија и Чиле.

Тој беше и еден од најсериозните кандидати да биде главен судија и на финалето на Светското првенство во Русија, но бидејќи Хрватска се пласираше во финалето, пропадна шансата да биде на центарот од финалниот меч на Мундијалот пред две години.

Мажиќ дури 14 пати беше судија и на вечното српско дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести