Најдобриот тим на домашен терен ја пречекува најдобрата гостинска екипа, квотите се одлични

Фудбалските возбудувања во Македонија денеска продолжуваат со мечевите од 19-тото коло во Втората лига. Од осумте средби кои се на програмата, четири може да се најдат во понудата на Sport Life.

Дербито ќе биде во Радовиш, каде што Детонит е домаќин на Пелистер во дуел на третиот и вториот на табелата. Детонит е еден од двата тима во лигата коишто имаат перфектен учинок пред своите навивачи и се радуваше во сите девет средби. Не само што победи во сите девет меча на свој терен, туку Детонит има и неверојатна гол-разлика од 21 даден гол и ниту еден примен.

Пелистер е најдобриот тим на гостински терен со седум победи, едно реми и само еден пораз, а битолчани имаат и низа од пет триумфи по ред во првенството.

Во останатите мечеви кои денеска ќе се играат: Беласица – Башкими, Каменица Саса – Беса, Караорман – Скопје, Кожуф – Арсими, Новаци – Тетекс, Осогово – Победа, Вардар Н. – Охрид.

- Оглас -

Најнови вести