24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Најдобриот тим на ФИФА во најчудна формација досега, со четворица во напад (фото)

Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2021 година во изборот на ФИФА, а Светската фудбалска федерација го објави и тимот со најдобри 11 играчи.

Помалку чудно, за прв пат најдобриот состав е во формација (3-3-4), односно има по тројца играчи во одбраната и во средниот ред и дури четворица во нападот.

Во изборот на кој гласаа само фудбалерите, на голот е Донарума. Во одбраната се Алаба, Бонучи и Рубен Дијас, а триото во средниот ред е за Де Брујне, Жоргињо и Канте. Во нападот е квартетот Левандовски, Меси, Роналдо и Халанд.

- Оглас -

Најнови вести