Од шесте натпревари кои се играат доцна вечерва во НБА лигата, најинересен е оној во Детроит каде Пистонс се домаќини на Њуорк никс. Тоа е дуел на лидерот на Истокот (Детроит) и тимот кој со Бостон е на делба на второто место.
Иако е прв на табелата и игра дома, според квотите во Sport Life, Детроит е благ аутсајдер за победа на овој меч. Никси се во налет, имаат осум победи по ред и тоа ги прави фаворити и за победа на Детроит да има одлична квота.
Ова се два од осумте најефикасни тимови во лигата, па може да се игра и на плус поени. Њујорк на три од последните четири меча примаше барем 127 поени, а во истиот период Детроит примаше 121 или повеќе. Може да се игра и на број на поени на индивидуалци, би требало да има револверашка битка на Канингем и Брансон.


