33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Најдобриот тим на Западот е апсолутен фаворит против најслабиот тим во НБА (Фото)

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат пет натпревари, а стартот е во европски термин, од 20 часот ќе играат најдобриот тим во Западната конференција и најслабиот тим во лигата.

Оклахома сити тандерс која е лидер во Западната конференција со учинок од 32 победи и 13 порази е голем фаворит против Детроит пистонс кој досега одигра 45 меча и победи само петпати. Квотата за триумф на Оклахома сити тандерс изнесува 1.23, а главен адут на фаворитот е Шеј Гилџес-Александер кој е трет стрелец во НБА-лигата со 31,1 поен по натпревар.

Голем фаворит за победа е и Индијана пејсерс која игра против десеткуваниот Мемфис гризлис. Индијана по размената со која го донесе Паскал Сиакам конечно врза две победи и за очекување е да дојде до третиот триумф во низа бидејќи за Мемфис нема да играат повредение, Морант, Бејн, Адамс, Кенард, Дерик Роуз, Смарт и Кларк, што е преголем хендикеп.

Интересно е очекува да биде и на Флорида каде Орландо ќе го пречека Феникс санс за кого Девин Букер на последните два меча постигна 108 поени (46 на Далас и 62 на Идијана).

НБА-понудата на Sport Life е зачинета и со големиот избор на кошаркари за играта на плус, или на минус поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести