Најдобриот тим на Западот го победи најдобриот тим од Истокот (Видео)

Во дуелот на најдобрите екипи во Западната и во Источната конференција, славеше Денвер нагетс со 129:106. Освен што беше дуел на двете најдори екипи во НБА, мечот во „Бол Арената“ во Денвер, претставуваше и дуел меѓу две МВП ѕвезди, Никола Јокиќ од едната и Јанис Адетокумбо од другата страна.

Јокиќ средбата ја заврши со 31 поен, 11 асистенции и шест скокови, а ист број на поени постигна и Адекумбо, но само седум поени даде во второто полувреме.
Центарот на Денвер ќе го памети овој меч бидејќи дојде до бројката од 12.000 поени во НБА лигата.

Откако вчера Лук Кенард постигна 10 тројки за Мемфис, утринава десет тројки даде и Треј Марфи трети во победата на неговиот Њу Орлеанс од 131:110 над ЛА Клиперс.
Со победата, Њу Орлеанс се израмни со ЛА Лејкерс и Минесота тимбервулфс, сите три екипи на осум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат идентичен учинок, по 37 победи и порази.

Резултати: Мајами – Бруклин 100:129, Денвер – Милвоки 129:106, Феникс – Филаделфија 125:105, Сакраменто – Јута 121:113, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110:131.

- Оглас -

Најнови вести