16.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Најдобриот тим во Јужна Америка го отпушти тренерот по победа од 8-0

Бразилскиот гигант Фламенго го отпушти тренерот Филипе Луис, и тоа само по неколку часа откако тимот ја победи Мадуреира со огромни 8-0 и се пласира во финалето на државното првенство на Рио де Жанеиро.

Филипе Луис на чело на тимот беше од 2024 година и во неговиот мандат Фламенго ги освои Копа Либертадорес, Купот на Бразил и Суперкупот на Бразил.

Во финалето на првенството Кариока, Фламенго ќе игра со ривалот Флуминенсе, но фановите негодуваа и во победата од 8-0. Навивачите присутни на „Маракана“ скандираа слогани како „бесрамен тим“, „тука сме поради дресот и логото, не поради вас“. Гневот е поради неуспесите во бразилскиот Суперкуп и јужноамериканската Рекопа (Суперкуп).

Филипе го напушта тимот по 101 натпревар и стапка на успех од 69,9%: 63 победи, 23 нерешени резултати и 15 порази, од кои пет се случија само во 2026 година.

Леонардо Жардим е фаворит за преземање на тренерското место во Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести