Најдобрите 100 фудбалери според „Марка“ за 2020 година: Левандовски на врвот

Реномираниот шпански лист „Марка“ ги одбра најдобрите 100 фудбалери за годината која изминува, а на врвот е Роберт Левандовски.

Бомбардерот на Баерн Минхен во годината во која освои тројна круна и ги собра сите индивидуални одличја без Златната топка, доби уште едно признание за феноменалните настапи.

По Полјакот, на второто место е Џошуа Кимих, неговиот клупски колега, додека во топ 3 нема фудбалер на Реал Мадрид, а интересно е што Лионел Меси е дури на 10-тото место.

Топ 10:

  1. Робер Левандовски – Баерн Минхен
  2. Џошуа Кимих – Баерн Минхен
  3. Килијан Мбапе – ПСЖ
  4. Серхио Рамос – Реал Мадрид
  5. Кристијано Роналдо – Јувентус
  6. Нејмар – ПСЖ
  7. Карим Бензема – Реал Мадрид
  8. Мануел Нојер – Баерн Минхен
  9. Ерлинг Халанд – Борусија Дортмунд
  10. Лионел Меси – Барселона

Комплетната листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести