Вечерва во НБА-лигата се играат пет меча, а дербито е меѓу двете најдобри екипи во лигата. Оклахома е најдобриот тим на Западот со 33 победи и само шест порази, додека Кливленд со биланс од 34 победи и само пет порази е најдобар не само на Истокот туку воопшто во лигата.
Овие два тима меѓу себе играа само пред една недела и Кливленд на свој терен победи со 129:122. Сега Оклахома ќе игра на свој терен и ќе се обиде да се реваншира.
Еден од поинтересните мечеви треба да биде и тој во Детроит, каде што ќе гостува Индијана. Двата тима се во добра форма. Детроит има седум победи во последните осум меча, а Индијана шестпати се радуваше во последните седум средби.
Феникс не е во некоја форма, но кога игра против убедливо најслабиот тим во лигата, па макар тоа да е и на гостински терен, Сонцата се големи фаворити. Вашингтон има само шест победи во 38 меча.
Одлична е и понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите, која вреди да се искористи.