Поразот на домашен терен од 49-98 против Украина, доволно говори каква е силата на македонската женска кошаркарска репрезентација. После ланските порази од Португалија од 13 поени разлика и од Србија со 43 поени, ова е најтешкиот пораз за тимот на селекторот Александар Ашаданов во овие квалификации за Европско првенство.
Првите две четвртини завршија со ист резултат, 13-26, третиот период го добија гостинките со 20 поен разлика, а конечниот резултат покажува дека Македонија постигна точно двојно помалку поени.
Анџелика Митрашиновиќ со 17 и Мерит Хемпе со 16 поени, постигнаа две третини од поените за македонскиот национален тим. Украина погоди 15 тројки, а Македонија само две од 19 обиди, и тука беше пресудната разлика, заедно со двојно повеќето скокови.
За три дена повторно играме дома против Португалија.